Преубавиот Мартиник
среда, 19 септември 2012
Мартиник е место за љубителите на плажа, храна нуркање. Овој “странски оддел” на Франција, кој претставува мешавина од галска култура и карибски обичаи, e далеку посончева и помалку населена верзија на татковината. Луѓето кои се во потрага по софистицирани задоволства, без разлика дали се во вид на вкусна порција или шопинг, ќе бидат среќни ако знаат дека добрата храна и последните моднии трендови не се опција, туку се присутни - особено на главното пристаниште Fort-de-France.
На островот се наоѓа активниот вулкан Mont Pelée, кој при една своја ерупција во 1902 го избришал поранешниот главен град на Мартиник St-Pierre. Падините на вулканот имаат патеки за пешачење и убави панорами.
Мартиник уште се нарекува и “Остров на цвеќето” и во него постојат неколку ботанички градини кои го надополнуваат и онака прекрасниот пејсаж. Долгите плажи и одличните услови за нуркање се едни од главите атракции на југот на островот.